Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВО ГРЦИЈА НОВИ ПОЖАРИ: Гори островот Евиа, до Атина само со траект!

(ВИДЕО) ВО ГРЦИЈА НОВИ ПОЖАРИ: Гори островот Евиа, до Атина само со траект!

На грчкиот остров Евиа избил шумски пожар поради што се евакуирани две села и манастир.

Засега нема извештаи за повредени или евентуална штета.

Главниот пат од 180 км кој води низ островот бил затворен за сообраќај во областа која е во близина на пожарот, соопшти полицијата.


Полицијата ги повика луѓето кои сакаат од северниот дел на Евиа да стигнат до Атина користат траекти кои ќе работат цела ноќ.

Пожарникарната бригада соопштила дека жителите на селата Контодеспоти и Ставрос во централните делови на Евиа, околу 70 км од Атина се евакуирани од претпазливост.

„Огнот зафатил големо подрачје“, рекол претседателот на општината Дирфија-Месапија на која и припаѓаат овие села Јоргос Псарас.


Пожарот, како што рекол, зафатил борова шума и се движи кон Псахни, пренее АНА. Пожарот се распламтува поради силниот ветар.

„И покрај константно фрлање на вода од авион и хеликоптер, не е можно да се предвиди ширење на огнот“, рекол тој.

Катимерини наведува дека Ципрас редовно се известува за развојот на ситуацијата.

Пожарот го гаснеле 62 пожарникари до 28 возила ,а би требало да им стигне појачување од централна Грција.

Мештаните на социјалните мрежи објавуваат видео снимки од пожарите.


Слично

Поврзани вести