Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Во Далмација се очекува невреме, Хрватска се мобилизира

(ВИДЕО) Во Далмација се очекува  невреме, Хрватска се мобилизира

Во Хрватска се очекува невреме и обилни врнежи. 

Во  земјава во изминатите неколку дена се надминати рекордите за количеството врнежи, а за денеска е издадено црвено предупредување за реонот на градовите Госпиќ, Риека и Сплит.

Според податоци на метеоролошките служби во градовите Пазин, Карловац, Пореч и Госпиќ, во изминатите денови се измерени најголеми количества врнежи од почетокот на мерењата во 1872 година. Рекорди во количества на врнежи за месец септември се забележани во регионот на Задар и на островот Раб.

Во Шибеник темни облаци го покрија градот. Во Трогир еден склад остана без покрив поради невреме. 

Нови поројни дождови се очекуваат денеска и утре, а во Госпиќ и Огулин, кои викендов беа поплавени, метеоролозите прогнозираат над 40 милиметри дожд на квадратен метар. 


Слично

Поврзани вести