Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Во Бугарија отворен најголемиот аква парк

(ВИДЕО) Во Бугарија отворен најголемиот аква парк

Најновиот и атрактивен комплекс за водна забава во соседна Бугарија Сансет аквапарк ги отвори вратите пред неколку дена во Поморие. Тој е лоциран на само 150 метри од хотелскиот комплекс Сансет Рисорт, во почетокот на градот.

32-те водени лизгалки ја ставија на водечката позиција Бугарија по бројот на капацитети меѓу водените паркови во Европа. Аквапаркот дава можност за избор помеѓу различни зони за рекреација: водени лизгалки со разни карактеристики и степен на тежина, детски зони со бројни атракции и место за игра, тревници за плажа и релаксација.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/pZtBouf-ZNw[/embed]

Тука се наоѓаат и двете најдолги лизгалки на Балканскиот полуостров, секоја по 150 метри. Вкупната должина на сите атракциони реквизити е над 1120 метри. Професионални аниматори и гости-уметници секојдневно ќе им претстават на посетителите различни шоу програми.

Сансет аквапарк Поморие е царство на забава, летни емоции и незаборавни искуства. Цената на целодневен посета за возрасен е 40 лева, а за деца и возрасни над 60 години 20 лева.

Слично

Поврзани вести