Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Во Бегов Хан се трага по мало дете кое паднало во поток

(ВИДЕО) Во Бегов Хан се трага по мало дете кое паднало во поток

Во БиХ има потрага по шестгодишно дете кое паднало во поток, а мајката скокнала да го спаси.

Во местото Бегов Хан кај Жепча денеска шестгодишно дете паднало во поток, чиј водостој се зголемил по обилните дождови. Неговата мајка скокнала по него за да го спаси, но безуспешно. Со возило на Брза помош мајката е префрлена во болница, а специјална полициска единица е ангажирана во потрагата по детето.

Состојбата на поплавените подрачја во БиХ постепено се нормализира, но и натаму е тешко на подрачјето на Приедор и Сански Мост, каде излевањето на водата од реката Сана е закана за стотина станбени и деловни објекти. Според податоците од претпладнево, Сана во Приедор достигна ниво од 460 сантиметри, што е кота на вонредна одбрана од поплави.

видео Klik.ba


Слично

Поврзани вести