Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Во Балш експлодираше фабрика за нафта - има повредени и загинати

ВИДЕО: Во Балш експлодираше фабрика за нафта - има повредени и загинати

Силна експлозија се случи синоќа во фабриката за преработка на нафта во градот Балш, јави дописникот на МИА од Тирана.

Експлозијата се случила од пумпа со водород, во погонот за завршна фаза за преработка на нафтата, кој бил во близина на хемиските реакори.

Во експлозијата, според официјални податоци загинал еден работник, а шест се повредени. Четворица од нив, поради сериозните повреди, се префрлени на лекување во регионалната болница во Фиер.

На социјалните мрежи жители на Балш раскажуваат  дека бројот на загинатите е најмалку четворица и дека  се повредени најмалку единаесет работници.

Екипи ги евакуирале работниците од фабриката. 

Во гаснењето на пожарот биле вклучени противпожарни возила од повеќе градови, кои по полноќ успеале да го локализираат огнот. 


Слично

Поврзани вести