(ВИДЕО) ВИЕ СТЕ ШВЕРЦЕР И ВОЕН ПРОФИТЕР - ВИЕ СТЕ ПРЕДАВНИК: Додик жестоко се расправаше со новинарка на јавна сцена
Прес -конференцијата на Милорад Додик одржана вчера вечерта во Источно Сараево, на која членот на Претседателството на БиХ зборуваше за средбите со Урсула фон дер Лејен и Габриел Ескобар, беше обележана со жестока расправија помеѓу новинарка и лидерот на СНСД.
Откако Додик го заврши делот од своето обраќање во кој зборуваше за разговорот со Фон дер Лејен и Ескобар, тој се сврте кон актуелната афера „Кислород“, која деновиве ја тресе Република Српска.
Во таа прилика, Додик неколкупати ја нападна телевизијата БН, за која рече дека ја создала оваа афера во соработка со политичката опозиција на помалиот ентитет на БиХ, се со цел да ја нарушат атмосферата во Република Српска.
Новинарката на БН, Слаѓана Јашаревиќ остро реагираше на изјавите на Додик, предупредувајќи го Додик да не им се обраќа така на неа и на нејзините колеги.
„Во овие 20 минути се занимававте само со БН. Ве предупредувам дека ова е последен пат така да ми се обраќате мене и на моите колеги и така да зборувате за телевизијата БН. Никогаш повеќе не се осмелите да го кажете тоа“, рече Јашаревиќ.
По нејзиниот говор, Додик побара од новинарката на БН да го исклучи микрофонот, но микрофонот не беше исклучен и јавноста можеше да слушне остри зборови упатени една до друг.
Јашаревиќ го нарече Додик воен профитер и шверцер.
„Јас сум член на семејството на убиениот борец, а вие криумчаревте цигари во војната. Вие сте обичен шверцер и воен профитер. Ги ‚лупите' овие луѓе, заработувате од нивното здравје, дали се срамите“, праша таа.
Како одговор на нејзините изјави, Додик посочи дека „овие од БН не се нормални“.
„Можете да видите дека овие од БН не се нормални. Вие сте голем предавник како и вашата телевизија. Вашата телевизија е дел од заедничко злосторничко претпријатие против РС и, се разбира, ви е наложено да го правите она што го правите. Вие сте најголемите негативци во РС“, одговори Додик.
Дискусијата на Милорад Додик и Слаѓана Јашаревиќ е на 26 -та минути и 30 секунди од видеото подолу.
Извор: Ослобоџење
