Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВЕТЕРОТ ИСКОРНА ДЕСЕТИЦИ ДРВЈА: Во Хрватска се оштетени 40 училишта и 24 градинки

(ВИДЕО) ВЕТЕРОТ ИСКОРНА ДЕСЕТИЦИ ДРВЈА: Во Хрватска се оштетени 40 училишта и 24 градинки

Во невремето во Хрватска се оштетени 40 училишта и 24 градинки.

Поради силната бура што ги погоди Загреб и други делови од Хрватска, премиерот Андреј Пленковиќ апелираше до граѓаните да ги следат упатствата. Неколку луѓе се повредени, од кои еден потешко. Штети има и на градските гробишта Мирогој. Десетици дрвја се искорнати.

„Апелирам до сите да ги почитуваат упатствата. Ќе му помогнеме на градот да ја санира штетата, како и секогаш. Има голема штета. За среќа, никој не е повреден, нема жртви. Благодарност до сите што помагаат да се ублажат штетите“, рече Пленковиќ.

Поради исклучително тешките услови, влажниот снег и силните ветрови кои сè уште ги уриваат дрвјата, престојот во Медведница и зелените површини на градот Загреб и работата на отворено претставуваат сериозен ризик по животот, предупредија Хрватски шуми.

Опасна бура ја погоди речиси цела Хрватска, со силни ветрови што дуваат со брзина до 120 км/ч, уништувајќи сè пред себе. 


Слично

Поврзани вести