Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ветер урна натстрешница на болница во Загреб, а две возила се спасија за влакно

(ВИДЕО) Ветер урна натстрешница на болница во Загреб, а две возила се спасија за влакно

Силниот ветер ја урна натстрешницата на болницата „Ребро“ во Загреб, a повредени нема.

На објавената видео снимка се гледа дека околу 40 секунди пред уривањето, под натстрешницата има возило со родители и дете, и возило на Брза помош. Откако тие се тргнале, паднала целата натстрешница.

Хрватските медиуми објавуваат снимки од штетите што ги предизвика силниот ветер. На гробиштата Мирогој ветрот откорнал дрвја и оштетил повеќе гробови.

Деновиве невреме имаше во Хрватска, Словенија и во Босна и Херцеговина(БиХ). 

Некои експерти рекоа дека толку силен ветер како тој во Хрватска се случува еднаш во 100 години. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести