Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВЕЧЕРВА ТРЕТ ДЕН ПРОТЕСТИ-Студентите со марш најавија учество!

(ВИДЕО) ВЕЧЕРВА ТРЕТ ДЕН ПРОТЕСТИ-Студентите со марш најавија учество!

За денес во 18:00 пред Собрание повторно се најавени протести организирани како и претходните два дена од движењето „Протестирам“.

Од ова движење бараат Итно да се ослободат вчерашните приведени лица меѓу кои има и студенти, бараат оставка од претседателот на Републиката поради срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболицира криминалците; Отпочнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, кредибилни и демократски избори и која ќе го помогне, наместо да го саботира соочувањето со правдата на политичарите и властодршците за сторените кривични и криминални дела; и бараат итно суспендирање на отпочнатиот процес на распишување на парламентарни избори.

„Ќе протестираме секој ден во 18:00! Овие протести се на сите граѓанки и граѓани. Протестите ни припаѓаат на сите нам, обединети во лутината кон тековниот безизлез и во поривот за подобра иднина, која е поставена на демократски темели. Ги повикуваме и припадниците на полициските сили да ги спуштат штитовите и да ни се приклучат на вистинската страна на оваа борба!“-стои во повикот на социјалната мрежа Фејсбук на ова движење.

Имено, кон протестот денеска ќе се придружат и студенти, кои револтирани од приведената студентка од Правниот факултет со краток марш денеска низ Скопје повикуваа на протести во 18 часот.

Во видеото кое го објави А1 он може да се слушне како тие скандираат „Нема сила која ќе го запре гласот на студентите“, „Сите во 6“ и слично.

Погледнете го видеото кое е преземено од А1он.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/RXILjMUgEkk[/embed]
Слично

Поврзани вести