Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Вака „паднаа“ 25 судии и службеници од Одделот за прекршоци

(ВИДЕО) Вака „паднаа“ 25 судии и службеници од Одделот за прекршоци
Вкупно 25 судии и службеници од Одделот за прекркшоци во Основниот суд - Скопје 1 беа уапсени денеска во рамките на операцијата „Јустициа“ и заработија кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 од КЗ на РМ, објави МВР. Пријавените во својство на судечки судии во Основен суд Скопје 1 во Одделот за прекршоци, во текот на 2012 и во првото тромесечје од 2013 година, заедно со останатите пријавени во својство на службени лица кои работеле со нив, постапувајќи по прекршочни предмети кои се примени во судот во текот на 2010 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластувања и со неизвршување на својата службена должност, нанеле штета на Буџетот на Република Македонија од значителен износ, односно во износ од 1.308.515,00 евра за ненаплатена, а пресудена глоба, и 3.773.500,00 денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал за околу 8.000 застарени предмети. „Имено, пријавените лица во својство на судечки судии кои ги воделе прекршочните постапки, во договор и со посредство на судските службеници кои работеле во истото Одделение, ги воделе судските постапки без притоа обвинетите да се појавуваат на рочиштата, односно со констатација дека истите се недостапни за судот, а се со намера да помине подолг временски период и да се оддолжи постапката. Најчесто, по одржување на последното рочиште, судијата во законски предвидениот рок, а понекогаш и по истекот на тој рок, носел осудителна пресуда и изрекувал санкција во глоба и мерка забрана,а во месечниот извештај го прикажувал предметот како казнив и пресуден. Меѓутоа, наместо да ја верификува и експедитира пресудата во прекршочната писарница, со што истата би станала правосилна по предвидениот рок за жалба, а подоцна и извршна, а со тоа би се наплатила и санкцијата од обвинетиот, за сметка на буџетот на Р.Македонија, судијата, вака донесената пресуда ја чувал кај себе подолг временски период, односно до периодот после застарување на делото.Откако истото ќе застарело ја верификувал и доставувал во писарницата“, објасни министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. http://www.youtube.com/watch?v=_DcYcEL35Hs По претходно превземени оперативно тактички мерки и активности, денеска 24 лица - 13 судии и 11 службеници се лишени од слобода и се изнесени пред надлежен Јавен обвинител, додека во моментов се уште се работи на обезбедување на уште еден судија. МВР се сомнева дека во позадината на дел од намерно застарените случаи стојат коруптивни активности, но дел се резултат на пријателски услуги.
Слично

Поврзани вести