Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Уште три лица исчезнати во поплавите во Србија, дождот уште врне!

(ВИДЕО) Уште три лица исчезнати во поплавите во Србија, дождот уште врне!
Една постара жена загина, а уште три лица се водат како исчезнати во новите поплави што ја зафатија источна Србија, како последица од обилните врнежи дожд и надојдените води. Заради огромните поплави и лизгања на земјиштето прогласена е вонредна состојба во општините Кладово, Мајданпек и Неготин, а припадниците на спасувачките екипи продолжуваат со евакуацијата на населението од најзагрозените подрачја. Досега се евакуирани над 500 лица. Надојдената вода предизвика огромна штета навлегувајќи во хидроцентралите Ѓердап 1 и Ѓердап 2, а вработените се обидуваат да се справат со поплавите кои носат се пред себе и да ги заштитат овие витални енергетски објакти за Србија. Со поголеми проблеми се соочува хидроцентралата Ѓердап 2, во која неколку агрегати се исфрлени затоа што во нив продрела вода и кал. Работата на оваа хидроцентрала е загрозена. Дождот во источна Србија продолжува да паѓа. Само во последните 30 часа наврнале и по 150 литри на метар квадратен. Населението во поплавените и отсечени подрачја веќе се соочува со недостиг на храна и вода за пиење, а потребни се и повеќе пумпи за справување со поплавите. http://www.youtube.com/watch?v=0DznSTSUjF4
Слично

Поврзани вести