(ВИДЕО) Уште еден гаф на Иванов од „Самит 100“ во Сараево
Претседателот Ѓорге Иванов вчера и денес е во посета на Сарево каде учествува на регионалната бизнис иницијатива „Самит 100“.
Имено, босански медиуми пренесуваат дека модератор на претседателскиот панел во Брдо-Бриони процесот му го поставил прашањето на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов: “Како во денешно време, Александар Македонски би се прославил во областа на бизнис”, со дополнување дека претседателот Иванов бил многу остар во својот говор.
Прашањето беше рефлектирано на историските личности кои ги има Македонија и каква е ситуацијата во оваа земја.
„Како Александар Македонски би се снашол во Македонија на бизнис план, на кое Иванов на шега експлицитно истакнува: Не би успеал!“
Исто така, тој додал дека дека “ниту Исус Христос ниту Мухамед нема да успее во денешната ера на Македонија”, осврнувајќи се на тешката економска ситуација во оваа земја.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/53htg_Bb9zw[/embed]