Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УРАГАНСКО НЕВРЕМЕ, ПОЖАР КАЈ ОМИШ, ЗАТВОРЕНИ ПАТИШТА: Црвен метеоаларм во Хрватска каде невремето однесе и човечки живот

(ВИДЕО) УРАГАНСКО НЕВРЕМЕ, ПОЖАР КАЈ ОМИШ, ЗАТВОРЕНИ ПАТИШТА: Црвен метеоаларм во Хрватска каде невремето однесе и човечки живот

Невреме во Хрватска уништи куќи, блокираше патишта, а едно лице загина. Силното ураганско невреме почна да создава бројни проблеми уште вчера, а според Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) нема да стивне ниту во наредните денови. Од една страна, пожарникарски тимови се уште се обидуваат да го изгаснат големиот пожар кај Омиш, од друга страна екипи на Центарот за кризи расчистува патишта од откорнати дрвја и испопаѓани карпи.

Силниот ветер е причина за сообраќајната несреќа во која камион паднал во провалија, при што загина возачот. Несреќата се случила на делницата од патот Карлобаг-Сењ. Во Шибеник бурата откорнала дрвја кои оштетиле паркирани автомобили, а се урнала и куќа во селото Кричина, јавува 24 часа хр.

Сите интервентните служби се на терен, а Државниот хидрометеоролошки завод и денеска издаде црвено предупредување поради ветер за регионот на Риека и Кварнер. 


Слично

Поврзани вести