(ВИДЕО) Ураганот Артур го погоди САД, 22.000 луѓе без струја!
Ураганот „Артур“ денеска ја погоди американската сојузна држава Северна Каролина со ветрови кои развиваат максимална брзина од 155 километри начас, а повеќе од 22.000 луѓе остнаа без струја.
„Артур“ во текот на ноќта го погоди островот Outer Banks, предизвикувајќи поплава, а потоа тргна понатаму од брегот кон копнениот дел, пренесува агенцијата АП.
Островот Outer Banks е погоден со јаки ветрови, разбрането море и патишта преполни со песок кој олујата го нанела, а евакуацијата започнала во среда вечерта.
Ураганот попладне, по северноевропско време, стигнал на 105 километри од Кити Хоук, во Северна Каролина и на 152 километри од Норфолк, во Вирџинија.
Ураганот се двиќи со брзина ос 37 киломерти на час кон североистокот на државата.
