Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ураган и земјотрес ја погодија Грција

(ВИДЕО) Ураган и земјотрес ја погодија Грција

Грција ја погоди ураган, но и земјотрес. 

Медитерански ураган, познат и како медикен, во последните два дена создаде големи проблеми во земјата. 

Бурата наречена Зорба во саботата мина по југозападниот дел на Пелопонез, а зад себе остави поплавени региони. Ветерот дуваше со брзина од над 90 км/ч, а поради кревањето на нивото на морето имаше и поплави. Беа забележани и неколку тајфуни.

Прекинат е дел од траектниот и железничкиот сообраќај, во некои делови од земјата полицијата забрани и сообраќај со автомобили поради штетата на патиштата од поплавите.

Во руралните делови од источен Пелопонез евакуирано е и населението, а медикенот денеска конечно почна да слабее.

Следна на ударот на Зорба е Турција, каде веќе дуваат силни ветришта и врне обилен дожд.


Силен земјотрес од 4,1 степени по Рихтер утрово ја стресе Грција.

Потресот бил на длабочина од 10 километри, а ги испаничил жителите.

Се стресе и Албанија со земјотрес 2 степени според Рихтер.

Слично

Поврзани вести