Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УНИШТЕНИ ВОЗИЛА И ПОКРИВИ: Еве каква е состојбата во Романија по земјотресот

(ВИДЕО) УНИШТЕНИ ВОЗИЛА И ПОКРИВИ: Еве каква е состојбата во Романија по земјотресот

Урнати покриви и уништени возила има во Романија, каде денеска имаше земјотрес.

Видео снимката на каналот EU Top News,  покажува дека Романците се излезени на улица.  Земјотресот од 5.7 степени денеска е регистриран во 13 часот и 16 минути на длабочина од 10 километри, на 73 километри североисточно од градот Дробета-Турну Северин. Вчера во Романија имаше земјотрес со јачина од над 5 степени. Во рок од десетина дена силни земјотреси имаше во Турција, Сирија, а сега и во Романија. Претходно, на социјалните мрежи имаше фотографии од уништени фасади во Романија по потресите. 


Слично

Поврзани вести