(ВИДЕО) Украле оружје од музеј и тргнале во војна во Сирија – уапсени и двајца Албанци од Македонија!
Обвинителството во албанскиот град Елбасан во опсежна истрага разоткри цела ќелија која испраќала Албанци од Балканот во војна во Сирија, објавија албанските медиуми.
Истрагата започнала откако бил откриен случај на шверц на оружје од Албанија во Македонија, а подоцна се покажало дека оружјето било всушност „културно наследство“ украдено од Етнолошкиот музеј во Елбасан.
Осомничените се задржани во притвор, а двајца од нив се македонски државјани - Едип Крутиши и Минир Османи, а останатите се државјани на Албанија - Ермир Бего, Герти Пашја, Сазан Хоџа, Артил Метхаса, Артур Кора и Ерзен Гаши.
Од телефонските разговори на оваа група кои биле тајно снимани се гледа дека тие биле организатори на регрутирањето на Албанците за војната во Сирија. Најпрвин ги испраќале во Турција, а потоа на сирискиот фронт. Регрутираните се бореле во редовите на десното крило на Ал Каеда, организацијата позната како „Ал-Нусра“.
http://www.youtube.com/watch?v=3ptufWjUSRE#t=49
Слично
