(ВИДЕО) УБИ 37 ЛУЃЕ И ШЕСТ ДЕЦА: Турскиот авион паднал поради пилотска грешка
Транспортниот авион на турската компанија Туркиш ерлајнс утрово се урна врз населба во Киргизиј поради пилотска грешка. Ова се првичните резултатит на истрагата која ја соопштиле локални претставници.
Повеќето од 37 настрадани, меѓу кои се шест деца, се жители на село недалеку од Бишкек на кое се урна авион при обид да слета во густа магла.
„Според првите заклучоци на експертите, во прашање е пилотска грешка“, рекол првиот потпретседател на владата Мухаметкали Абулгазиев на конференција за новинари која ја пренесувала државната телевизија.
Авионот на компанијата Туркиш ерлајнс на летот од Хонг Конг - Истанбул, требало да слета на аердромот Манас кај Бишкек.
Како последица на слаба видливост се урна во населено подрачје во 7.31 по локално време кога повеќето жители спиеле.
При падот на авионот се оштетени 15 куќи во селото
