(ВИДЕО) Турција нанесе нови напади врз позиции на „Исламска држава“ во Сирија
Турски борбени авиони бомбардирале ноќеска цели на бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) во северен Ирак и позиции на џихадистите од „Исламската држава“ во Сирија, пренесе „Франс прес“ и „Ројтерс“.
Во соопштението на кабинетот на премиерот Ахмет Давутоглу се вели дека истовремено со нападите од воздух се извршени и напади по копно врз позициите на „Исламската држава“ во Сирија.
Со писмото до ОН, Турција наведува дека презела воздушни напади против „Исламска држава“, бидејќи сириската влада ниту е способна ниту сака да се справи со радикалната исламистичка група. Земјата ги оправдува своите постапки, повикувајќи се на Член 51 од Повелбата на ОН, кој се однесува на посебното и колективно право на самоодбрана против вооружен напад.
„Сирија се претвори во засолниште за „Исламска држава“. Овој регион се користи за обука, планирање, финансирање и извршување на прекугранични напади“, се наведува во писмото на Турција.
Со ударите Турција се приклучи кон предводена од САД меѓународна коалиција, која ги бомбардираше целите на групата во Сирија веќе десет месеци.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/gIGlpedhDCk[/embed]