(ВИДЕО) ТУРЦИ ВОЈУВААТ НА СЕВЕРОТ ОД СИРИЈА: Уште една турска тенковска единица премина граница
После влегувањето на турската војска на северот од Сирија со цел започнување на операција против Исламска држава, уште најмалку десет турски тенкови денес ја преминале сириската граница, јавуваат локалните медиуми.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/ForeignPolicy/status/768632743156707328?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Тие тенкови, кои во Сирија влегле во средата наутро, ќе му се придружат на контингентот од десетина турски тенкови како би ја извршиле операцијата на турската војска наречена „Штитот на Еуфрат“, а чија цел е на северот од Сирија да се поразат џихадистите, како и курдските бунтовници, пренесе АФП.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/YkASJk8I-ao[/embed]Висок турски претставник, кој сакал да остане анонимен, најавил дека по потреба на тоа подрачје ќе бидат пратени уште тенкови.
Праќањето на турски тенкови на северот од Сирија е дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“, која го остварила првиот успех синоќа кога сириски бунтовници со помош на турските специјални сили, тенкови и воени авиони успеале да го освојат Џараблус, едно од последните жаришта на сириско-турската граница.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/AFP/status/768509926427783169?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил дека Турција вчера рано утрото почнала операција против ИД, но и против курдската милиција на северот од Сирија, како трајно би се завршиле проблемите на граница.
„Од 04.00 часот нашите сили почнаа операција против терористичката група Даеш и ППК“, рекол Ердоган во говорот во Анкара.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/trtworld/status/768511722856468480?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала изјавил дека Турција нема да дозволи екстремистичките групи да и се закануваат на земјата, но дека смета оти заканата не доаѓа само од ИД, туку и од други терористички организации.
Според зборовите на Али, Турција почнала организација како би го ослободила Џараблус и ја обезбедила својата сигурност. Тој навел дека Турција не може „само да седи и да набљудува“, и дека е „законско право на Турција и во нејзина надлежност е“ да превземе акција. Како што истакнал, операцијата ќе трае додека не се отстрани заканата и не исчезне терористичката опасност на турската граница.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/LAGAHOrCDs8[/embed]