(ВИДЕО) Турските медиуми го „фатија“ Груевски на прошетка во Бодрум
Македонскиот премиер Никола Груевски годишниот одмор го поминува со семејството во Турција, на покана на турскиот премиер и иден претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Прошетката на Груевски во Бодрум го предизвика интересот и на турските медиуми, кои го прашаа што мисли за Ердоган. Тој сепак одлучи да не дава изјави и само им се заблагодари.
http://www.youtube.com/watch?v=-E8_xRJuSF0
„Македонскиот премиер кој заедно со своето семејство ,односно сопругата Боркица и ќерките Анастасија и Софија го избра Бодрум за нивна овогодишна дестинација, имаше прилика да го посети калето во Бодрум. По рекреативната проетка која траеше скоро еден час во калето во Бодрум, премиерот на Република Македонија прошета и во чаршијата на Бодрум“, пишуваат турските медиуми.
Груевски утре ќе замине од Бодрум, а остатокот од одморот ќе го помине во Фетије.
Слично
