(ВИДЕО) Турист со падобран падна во хотелски базен во Црна Гора
Турист со падобран заврши во хотелски базен во Црна Гора.
На плажата во црногорското одморалиште Бечиќи викендов се случила вистинска драма, кога турист кој уживал во парасејлинг — адреналински спорт во кој параглајдер се влече со глисер — останал без контрола во воздух.
Падобранот неочекувано му се откачил, а туристот завршил во базенот на еден од хотелите покрај плажата.
Иако сцената изгледала застрашувачки, тој поминал без повреди. Инцидентот, според локалните медиуми, не бил пријавен во полиција.
Пред само месец и половина, 19-годишна девојка од Србија загина кај Будва, кога за време на истиот спорт ѝ се одврзала сајлата што ја поврзувала со глисерот.
фото принтскрин
Слично
