(ВИДЕО) „ТУРЦИТЕ НАДВОР“: Црногорците протестираа откако Турци избодеа нивни сограѓанин
Во центарот на Подгорица вечерва се одржа протест пред зградата на Владата на Црна Гора, поради насилството што се случи пред неколку дена во населбата Забјело, каде тројца државјани на Турција и Азербејџан избодеа локален жител. Настанот предизвика бурни реакции и антивладини демонстрации, при што граѓаните скандираа „Турците надвор“.
Според информациите од Полициската управа, приведени се 11 лица, од кои девет се малолетници, кои имале намера да пристигнат на протестот со фантомки, факели и марихуана.
„Лицата се приведени навремено, со цел да се спречат инциденти и нарушување на јавниот ред и мир“, соопштија од полицијата.
Поради серијата инциденти, Владата на Црна Гора донесе одлука привремено да го укине безвизниот режим за граѓаните на Република Турција, со цел да се спречи понатамошна ескалација на тензиите.фото принтскрин
Слично
