(ВИДЕО) Турчин на „Сакам да бидам Милионер“ доби прашање кое е новото име на Македонија
Видео: !ТВ
Турски натпреварувач во популарната емисија „Сакам да бидам Милионер“ која се емитуваше на 16 јули на турскиот канал АТВ, остана без парична награда затоа што не знаеше кое е новото договорено име на Македонија во спорот со Грција.
Прашањето гласеше „Дали знаете како во иднина ќе се вика Поранешната југословенска република Македонија“.
21-годишната натпреварувачка требаше да одговара за 15 илјади турски лири на прашањето „Поранешна Република Македонија која со години го има проблемот со името со Грција по долго време дојдоа до договор. Кое е новото име? Под А – Горна Македонија, под Б – Долна Македонија, под Ц – Северна Македонија и под Д – Јужна Македонија’“.
По прашањето, натпреварувачка побара телефонски џокер, која го кажа одговорот под Горна Македонија, по што натпреварувачката беше елиминирана.
