Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Турчин ја запроси девојката пред гласачко место во Анкара

(ВИДЕО) Турчин ја запроси девојката пред гласачко место во Анкара

Со импровизирано гласачко ливче, Турчин ја запроси девојката пред гласачко место во Анкара. 

На гласачко место во главниот град Анкара забележана е несекојдневна понуда за брак, известува турската новинска агенција „Анадолија“. Мехмет Емин Озбеј пред гласачкото место во локалното училиште ја побара за жена Гизем Есин, така што ѝ подаде импровизирано гласачко ливче со заедничка фотографија и ја праша дали го прифаќа предлогот за брак.

Девојката видно изненадена, но и пресреќна, го стави печатот со знакот „ДА“ на ливчето со заедничка фотографија и потоа го „спушти“ во „гласачката кутија“.

Девојката во изјавата за новинарите рече дека е изненадена и дека не очекувала ваква понуда за брак. На изборите во неделата победи Реџеп Таип Ердоган. 


Слично

Поврзани вести