(ВИДЕО) Турчин ја турнал сопругата од карпа висока 300 метри за да добие пари од животно осигурување
Турчин ја турнал својата бремена жена од карпа, со цел да ја убие и да земе пари од животното осигурување.
На Хакан Ајсал(40) турскиот суд во вторникот му нареди да одлежи најмалку 30 години. Тој е уапсен лани за убиството на неговата бремена сопруга Семра Ајсал, што се случи во јуни 2018 година додека тие беа на одмор во долината на пеперутките во провинцијата Мугла. Ја убил седуммесечната трудница туркајќи ја од карпа висока 300 метри. Пред убиството, двојката се фотографирала на карпата, а обвинителите потоа тврделе дека Ајсал планирал се да изгледа како несреќа за да добие пари од осигурувањето кое било договорено непосредно пред смртта на жената. Тој на нејзино име подигнал полиса за осигурување од незгода со гаранција од приближно 46.000 евра
Во јавноста лани се појави видео на кое се гледа како двојка оди по опасните падини неколку моменти пред жената да биде турната во смрт. Обвинителите рекоа дека поминале три часа на карпата, затоа што Ајсал чекал момент кога нема никој околу нив. Штом сфатил дека се сами, ја турнал во провалијата. Ајсал тврдеше дека тој не е одговорен за смртта на Семра.
