Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Црногорец штеди, се грее на ракета шпорет

(ВИДЕО) Црногорец штеди, се грее на ракета шпорет
Милован Цвишиќ (30) од Белопоље, Црна Гора направил изум ракета шпорет со кој се грее за малку пари. Изумот го создал од стари работи и со него успева да заштеди. „Системот е во облик на буквите У.С. Од една страна се пали оган, а  од другата излегува чадот. Зад огнот може да се додаде буре и да се готви. Минатата година додадов болјер и греев вода преку него“-вели Цвишиќ. Овој млад иноватор, својот изум одлучил да го доѕида со цигли и глина. На ваков начин неговиот ракета шпорет се загрева и со малку дрва ја одржува топлината и по неколку часа. Соседите на Милован откако увиделе колку овој шпорет е корисен, бараат и нив да им направи ист. Пасија на Милован е од стари работи кои се фрлени како неупотребливи да направи нови предмети кои ќе се користат. Тој од грамофонски плочи изработил часовници кои го красат неговиот дом, а во јавноста во Црна Гора стана познат по тоа што направил бицикл налик на чопер мотор. https://youtu.be/sRqatzlhnxY
Слично

Поврзани вести