(ВИДЕО) Целите аудио снимки од денешната „БОМБА“ во Центар
„Центар е симболот на непокорот. Центар победи кога беше најтешко. Центар опстојува и покрај сите притисоци и закани. Центар и понатаму победува. Еве денес го победивме и лошото време.
Денес сме сите собрани уште еднаш да ја потврдиме Вистината за Македонија и Вистина за Центар. Сé она што ќе го слушнете денес, го знаете и самите. Лично гo имаме заедно доживеано“, вака опозицијата денеска го започна граѓанскиот собир пред граѓаните на Општина Центар.
Пред присутните граѓани збор земаа Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар и Андреј Жерновски, градоначалник на општина Центар.
„Сега ќе слушнете еден пример, којшто не смеел да се случи во слободна и демократска земја.
Ќе слушнете само еден од многубројните примери на кршење на партиски штабови и кој всушност стоел позади нов. Но, ќе слушнете и кој ги криел“, рече Богдановиќ обраќајки им се на Центарци.
Во видеото подолу мже да ги слушнете сите аудио снимки кои денеска ги објави опозицијата а се однесуваат на Центар.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/MjqwNHpAW8s[/embed]
Слично
