(ВИДЕО) Трамвај излета од шините во Сараево, едно момче загина, а девојка остана без нога
Трамвај денеска излета од шините во центарот на Сараево, каде едно лице загина, а малолетничка остана без нога.
Четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во Сараево, кога градски трамвај излета од шините на една од централните раскрсници во градот.
Според досегашните податоци, трамвајот излегол од колосекот, ја пробил заштитната ограда и завршил надвор од трасата. При несреќата бил притиснат пешак кој починал на местото на настанот. По првичните спротивставени информации во јавноста, порталот „Кликс“ објави дека жртвата е 23-годишно момче.
Лекарка од Сараево изјави дека една девојка била во особено тешка состојба и веднаш била транспортирана во болница.
Подоцна беше соопштено дека станува збор за 17-годишна девојка на која поради сериозните повреди ѝ била извршена ампутација на ногата. Таа се наоѓа во критична состојба и е животно загрозена.
Несреќата се случила на раскрсница каде минатата година е направена реконструкција на пругата и свртницата во рамки на поширок проект за обнова на трамвајската инфраструктура. Засега се разгледуваат повеќе можни причини за излетувањето, меѓу кои се споменуваат неприлагодена брзина и староста на трамвајот од чешко производство, набавен во времето на поранешна Југославија.
Zašto je hitna stala usred raskrsnice? Kao da čeka nešto. #tramvaj #sarajevo pic.twitter.com/I1D9ulmUmx
— Bosnia Reporter (@BosniaReporter) February 12, 2026
