Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТРАМП: Спречивме судир меѓу Србија и Косово

(ВИДЕО) ТРАМП:  Спречивме судир меѓу Србија и Косово

Спречивме судир меѓу Србија и Косово, Србите сакаа да започнат, вели американскиот претседател Доналд Трамп.

На прес-конференцијата по самитот, новинар за австриската национална телевизија му постави прашање на Трамп: „Еднаш рековте дека ќе ја запрете војната во Украина за 24 часа. Подоцна изјавивте дека тоа сте го кажале саркастично.“

Потоа Трамп го прекина: „Секако дека тоа беше саркастично.“ Новинарот продолжи: „Сега сте претседател пет месеци и пет дена. Зошто не можевте да ја запрете војната во Украина?“

„Бидејќи е потешко отколку што луѓето можат да замислат. Беше потешко со претседателот Владимир Путин. Искрено, имав некои проблеми со Зеленски, можеби сте читале за нив. И е потешко отколку со други војни. Запревме... Србија сакаше да започне...“ Видете, за 12 дена штотуку завршивме војна што се одвиваше 30 години. Исто така, го запревме конфликтот меѓу Руанда и Конго, тие доаѓаат да потпишат документи, ние веќе ги потпишавме основните документи. Мислам дека доаѓаат во Белата куќа во петок“, рече тој. 

Кажа дека е добро што меѓу Индија и Пакистан не изби поголем судир. 


Слично

Поврзани вести