Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТИРАНА „ГОРИ“: Насилни протести, фрлаа молотови коктели кон канцеларијата на Рама

(ВИДЕО) ТИРАНА „ГОРИ“: Насилни протести, фрлаа молотови коктели кон канцеларијата на Рама

Насилни протести избија во албанската престолнина, Тирана. 

Според информациите на А2 Си-Ен-Ен, две повредени лица се испратени во Универзитетската болница „Мајка Тереза“, а трето лице е испратено во Санаториум, откако имало проблеми со дишењето од солзавецот.

Според медиумот, полицаец е испратен во болницата за траума, но неговиот живот е надвор од животна опасност.

Државната полиција соопшти дека од протестот на опозицијата и од експлозивот фрлен на неколку точки во главниот град се повредени 10 полицајци.


Форензичарите почнале акции за документирање и прибирање докази по експлозивот што бил фрлен кон канцеларијата на премиерот Еди Рама.

Неодамна албански пратеници запалија столици во Тирана, а по некој ден палеа и кукла со ликот на Рама. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести