(ВИДЕО) Тиктокерка го проба најскапиот бурек на Балканот и даде коментар
Популарната Тиктокерка Лиза, позната како dua_liza, сподели видео во кое проба бурек во хрватскиот град Дубровник, а видеото го објави со текстот: „Албанка против најскапиот бурек на Балканот“.
„Како некој што целиот свој живот го поминал во, пред и зад пекара, го ценам бурекот од 9 евра во Дубровник. Го прават на лице место и го печат“, рече Лиза, а потоа го проба бурекот со месо.
Кога пријателката ја праша дали бурекот вреди толку пари, таа рече дека сепак вреди.
„Ние некогаш за 9 евра продававме цела тепсија, со четири бурека. Но, ова е чисто телешко, многу убаво, и се наоѓаш во најубавиот град…можеби вреди“, објасни таа.
Потоа го проба и бурекот со сирење, за кој рече дека е „совршено масен и многу добар, но недостига сол во сирењето. Таа го оцени бурекот со сирење со 8 од 10, додека на бурекот со месо му даде 9 од 10.
@dua_liza Btw jeftiniji je za lokalce #dubrovnik #holyburek #burek #balkan #food #croatia ♬ Da sam pekar - Bijelo Dugme
