ВИДЕО: Тешка сообраќајна несреќа во Романија заврши со смрт на седум навивачи на ПАОК
Седум навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК загинаа, а уште тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во Романија. Еден од повредените се наоѓа во критична состојба, соопштија локалните власти.
Несреќата се случила додека навивачите патувале кон Франција, каде што требало да го следат натпреварот на ПАОК против Лион во рамките на Лига Европа. Комбето во кое се наоѓале се судрило со товарно возило на патен правец во близина на градот Лугој, недалеку од Темишвар.
Снимките од местото на несреќата покажуваат дека комбето се обидело да претекне друго возило, по што, од засега неутврдени причини, навлегло во спротивната сообраќајна лента и директно се судрило со камион кој доаѓал од спротивен правец.
Според првичните информации, можно е возачот да изгубил контрола врз возилото или да му се слошило, но точната причина за несреќата сè уште се утврдува. Надлежните служби спроведуваат истрага за да ги разјаснат сите околности.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА:Фото: Принтскрин/ИксTragedie în județul Timiș: accident între un autotren, o autocisternă și un microbuz. Șapte morți și mai mulți răniți https://t.co/IwX2Ht4W1K pic.twitter.com/XuN6eVwHss
— TVR Info (@StirileTVR) January 27, 2026
