(ВИДЕО) ТЕРОРИЗАМ ВО ИСТАНБУЛ: Атентатор од Сирија стои зад нападот!
Експлозијата во Истанбул е последица на самоубиствен напад извршен од Сириец.
Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, цитиран од АФП.
„Терористички чин е извршен од камикази со сириско потекло“, изјавил претседателот за време на говорот во Анкара.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/BBCWorld/status/686873062919290880?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Ердоган остро го осуди нападот.
Десет лица загинаа, а 15 други се повредени, при експлозија во историскиот центар на Истанбул, посетуван од многу туристи.
Меѓу убиените има турски државјани и странци.
„За жал има жртви, вклучувајќи ги и локалните и странци. Инцидентот покажа дека треба да стои заедно со заканата на тероризмот“, истакнал Ердоган.
Тој порачал дека решителната позиција на Турција нема да се промени.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/UMgHliKcMTw[/embed]„Не правиме никаква разлика помеѓу имињата и кратенка на терористичките групи. Првата цел на сите екстремисти во регионот е Турција, бидејќи Турција се бори со сите нив со еднаква одлучност“, изјави Ердоган.
Според Ројтерс, кој цитираше двајца високи функционери во турските сили за безбедност, “Исламска држава“ најверојатно стои зад експлозијата до Сината џамија.
