Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Терористички напад во Истанбул: Бомбаш самоубиец се разнел на станица, има жртви!

(ВИДЕО) Терористички напад во Истанбул: Бомбаш самоубиец се разнел на станица, има жртви!

Експлозијата, која го потресе центарот на Истанбул, била до трамвајската станица на плоштадот „Султанахмет“, соопштува турскиот тв канал „NTV“.

Како резултат на експлозијата загинале две лица - терористот-самоубиец и невин човек. Според очевидци има многу повредени, помеѓу нив и германски туристи.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/HAKKODO/status/686832241662627840?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Сината џамија и црквата „Света Софија“ се наоѓаат во близина на плоштадот, каде експлодирала експлозијата. Местото е еден од најстарите делови на градот и е исклучително популарно помеѓу туристите.

Според првичните информации експлозијата се случила во 10,20 часот по локално време.

Областа околу експлозијата е блокирана на место работат тимови на полицијата за борба против тероризмот, експертите за „отстранување на бомби“. Амбулантни возила ги превезуваат повредените од експлозијата.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/cRppJkkwfpY[/embed]
Слично

Поврзани вести