Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Терористи и денес разнесоа нафтовод во Турција 

(ВИДЕО) Терористи и денес разнесоа нафтовод во Турција 

Терористи го кренале во воздух нафтоводот Киркук - Јмурталак низ кој поминува ирачка нафта во Турција, објави министерот за енергија Танер Јилдиз.

Инцидентот се случил на 5 километри од градот Чизре во провинцијата Ширнак, југоисточна Анадолија. Нафтоводот е затворен веднаш што спречило да се излие .

Според Јилдиз овој и претходните терористички аакти, кои напаѓаат енергетски објекти, покажуваат дека терористите се обидуваат да ја дестабилизираат земјата.

Во понеделникот во источната провинција Агри курдски борци разнесоа магистрален гасовод, преку кој Турција добива гас од Иран. Спроведувањето уште не е вратено во нормала.

Ситуацијата во Турција нагло се влоши по терористичкиот акт во Суруч на границата со Сирија и обидите над турски полицајци за кои одговорноста ја презеде Курдистанската работничка партија.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/_CctnHhAurQ[/embed]
Слично

Поврзани вести