(ВИДЕО) Тепачка во турскиот Парламент!
Дебатата околу корупцискиот скандал во кој се инволвирани лица блиски до турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган предизвика тепачка во турскиот Парламент.
Во физичката пресметка на народните избраници, пратеникот од опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Булент Тезџан заработил тупаница од пратеникот од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), Октај Сарал и завршил во болница.
Тепачката избила во моментот кога Парламентот се подготвувал да ја продолжи дебатата за контроверзниот предлог-закон, со која треба да се зголеми владината контрола врз судството. Претседателот на турскиот Парламент почувствувал дека ситуацијата во салата излегува од контрола и веднаш ја прекинал седницата, па инцидентот не бил регистриран на директниот пренос, но го забележале фотографите.
Турската Влада е соочена со истрага за корупција, а опозицијата тврди дека предложените мерки за промени во судскиот систем ќе му овозможат на Ердоган да ја задуши корупциската истрага. http://www.youtube.com/watch?v=3w9LjwYRdF8
