Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗАГРЕБ: Полуголи мажи со бoксови и клоци се тепаа на семафор

(ВИДЕО) ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗАГРЕБ: Полуголи мажи со бoксови и клоци се тепаа на семафор

Читател на 24sata испратил видео во кое се гледа безмилосна тепачка меѓу двајца помлади мажи и тоа на една од најфреквентните раскрсници во центарот на Загрб.

Очевидци за овој хрватски медиум велат дека тие се скарале поради застој во сообраќајот.

-Доби клоца во глава, мислам дека му пукна аркадата, вели читател кој бил сведок на тепачката. Загрепската полиција за 24sata потврдила дека на тоа место дошло до судир на комбе и автомобил.

Полициската управа во Загреб околу 10.15 часот добила пријава за сообраќајна незгода на раскрсницата на авенијата Загребачка и улицата Петроварадинска, во која учествувале еден автомобил и комбе.

Велат во тек е истрага, каде ќе се утврдат сите фактички околности, но засега не можат да го потврдат физичкиот конфликт меѓу двајцата.

Видеото на следниот линк: https://bit.ly/3NyVRPF

Слично

Поврзани вести