(ВИДЕО) ТЕПАЧКА НА СКАЛИТЕ НА СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Опозициските пратеници добија ќотек
На денешната седница на српското Собрание се случи инцидент меѓу дел од опозициските пратеници, поддржувачите на власта и полицијата.
Опозицијата се обиде да влезе во зградата преку Пионирскиот парк, односно преку шаторската населба подигната од поддржувачите на СНС, кои во жаргон се нарекуваат „ќаци“.
Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ во вторникот им вети на опозициските претставници дека ќе можат да влезат преку т.н. „Ќациленд“, но полицијата и групите што го чуваат шаторското население ги спречија.
Додека Брнабиќ најави дека во наредните два дена опозицијата ќе има слободен пристап преку Пионирскиот парк, претседателот Александар Вучиќ порача дека ќе ја претстави својата иницијатива во врска со „Ќациленд“.
„Верувам дека наскоро барем ќе ја нормализираме ситуацијата на улиците, во споредба со тоа како изгледаше досега“, изјави Вучиќ.Во Србија со месеци има политичка криза и протести.
фото принтскрин
Obećano - ispunjeno! pic.twitter.com/pJnTFDaHbS
— SRBIJA CENTAR SRCE (@Srbija_centar) November 26, 2025
