Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТЕНЗИИ ВО МИТРОВИЦА: Уапсен Ѓуриќ, има и пукање

(ВИДЕО) ТЕНЗИИ ВО МИТРОВИЦА: Уапсен Ѓуриќ, има и пукање

Косовската полиција во северниот дел на Митровица го уапсила раководителот на канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ. 

Веста ја објави приштинскиот весник „Експрес“.

Апсењето според истиот извор го извршила специјалната единица на полицијата во моментот на одржување на средбата околу внатрешната состоја во Косово.

Ѓуриќ и покрај тоа што имаше забрана за влез во Косово, пристигнал во северниот дел на Митровица, пишуваат косовските медиуми, но притоа не се прецизира начинот на неговото влегување во Косово. Во овој момент полицијата го транспортира уапсениот Ѓуриќ кон Приштина. 

Косовските медиуми пренесуваат дека состојбата во северниот дел е мошне тензична, затоа што има протести на српското население, a според најновите информации има и пукање.

Пладнево специјални полицајци на Косово се упатиле кон границата со Србија за да го спречат влегувањето на Ѓуриќ и неговите соработници во Косово, поради тоа што косовското МНР не им дало дозвола за влез и учество на средбата во северниот дел на Митровица, чија тема е внатрешната состојба на Косово. 

Во Приштина беше соопштено дека нема да се дозволи влез на неколку министри и преставници на Владата на Србија во Косово затоа што тие немаат дозвола за тоа.


Слично

Поврзани вести