Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТЕНЗИИ: Пратеник истакна албанско знаме во српското Собрание, Дачиќ му реагираше

(ВИДЕО) ТЕНЗИИ: Пратеник истакна албанско знаме во српското Собрание, Дачиќ му реагираше

Пратеник истакна албанско знаме во Собранието на Србија. 

При второто редовно заседавање на српското Собрание пратеникот на Обединетата долина – СДА Санџак,  Шаип Камбери истакна српско и албанско знаменце покрај неговиот микрофон. Камбери ги налути присутните пратеници.

Тој рече дека ги бара истите права за Србите во Грачаница, кои можат да постават српско знаме, а Албанците да можат да го користат албанското знаме во градовите Прешево и Бујановац.

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, реагираше и побара од Камбери да го тргне знамето.

„Немаме, немаме толеранција за кршење на деловникот, ве замолувам да го тргнете знамето“, вели Дачиќ.

Камбери рече дека ова е цензура, но го тргна знамето. Премиерката Ана Брнабиќ, рече дека Камбери наместо за проблемите на граѓаните дискутира за знамето на Албанија.

Овој инцидент создаде тензии. 


Слично

Поврзани вести