(ВИДЕО) ТЕНЗИИ НА ГРАНИЦА: Напомош доаѓа странска полиција
Припадниците на „Фронтекс’ од следната недела ќе бидат распоредени од грчката страна на границата со Македонија, за да им помогнат на домашната полиција да се справи со напливот на бегалци и мигранти.
Според договорот околу 400 силит на ЕУ од следната недела ќе помагаат во идентиикацијата и регистрацијата на мигранти.
Освен тоа, македонската полиција која ја обезбедува јужната граница ќе добие засилување од полицајци на повеќе земји кои се потенцијално загрозени од кризата со економските мигранти.
Премиерот Никола Груевски изјави дека деновиве разговарал со колегите на Србија, Хрватска, Унгарија, Словенија и на други земји кои се заинтересирани за решавање на приливот на мигранти.
„Договорено е тие да испратат полициски сили кои ќе им се придружат на нашите, од нашата страна на границата. Добивме позитивни одговори и очекувам во втората половина на следната недела да дојдат тие сили“, рече македонскиот премиер.
Инаку, утрово 2 500 бегалци влегоа во Македонија, а уште 1000 чекаат пред жичаната ограда, откако грчката полиција ги повлече таканаречените економски мигранти и отвори коридор за бегалците.
Претходната вечер избија судири меѓу македонската полиција и мигрантите кои нелегално, сечејќи ја жичаната ограда се обидоа да влезат во државата.
Мигрантите ја блокираа пругата во знак на протест и бараа ЕУ да им ги отвори вратите.
Токму поради инцидентите што деновиве ги предизвикуваат економските мигранти, зголемено е обезбедувањето и на македонска и на грчката страна.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/vnmJdSYS9q8[/embed] (ФОТО: Ројтерс)


