(ВИДЕО) Телма со црвен телефон во вестите ќе се бори против притисоци врз новинарите
Од вечерва во вестите на Телма телевизија и во наредните денови ќе биде присутен црвен телефон како дел од кампањата со која оваа телевизија ќе се бори против притисоците врз новинарите и цензурата.
Имено, вчера од прилогот на Јасминка Аневска беа исфрлени провокативните прашања кои таа му ги постави на премиерот Никола Груевски што предизвика оваа новинарка вечерва во централните вести во 18.30 на оригинален начин да го искаже револтот против цензурата.
Оние кои го гледаа централниот дневник веќе знаат за што станува збор , а за тие што не гледавте едно мало објаснување : Во текот на презентирањето на настаните од денот покрај Аневска стоеше црвен телефон и во моментот кога тој заѕвони, таа ја „тресна“ слушалката.
Црвениот телефон во наредните денови ќе биде присутен во вестите и во емисијата „Топ тема“ на Телма, што е всушност дел од кампањата со порака до јавноста: „Не примаме нарачани вести, ниту од власта ниту од опозицијата“.
Автори на кампањата се Атанас Кировски, директор на Телма и креативниот директор на New Moment, Душан Дракалски.
