Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТАА Е ЖРТВА НА НЕПРАВДА: Жена со синџир се врза за палма во Сплит

(ВИДЕО) ТАА Е ЖРТВА НА НЕПРАВДА: Жена со синџир се врза за палма во  Сплит

Жена со синџир се врза за палма во хрватскиот град Сплит. 

Борбата на Вања Шимлеша почнала пред повеќе од триесет години кога била урната зграда со седум стана за изградба на нова зграда. Вања, денеска, по многу години во судови и со молби, ја донесе својата борба директно пред зградата на градската управа во Сплит, каде што се врза со синџири за палма, пишуваат хрватските медиуми.

„Имав сопствен стан 1/1 во приватна куќа. Градот Сплит ја сруши таа куќа. Мене ми дадоа стан за кој морав месечно да плаќам. Тоа го добив за мојата сопственост“, изјави денеска Вања за „Далмација денес“.

Таа вели дека отишла на суд, но залудно.

„Градот Сплит толку многу лажеше, толку нѐ клеветеше, што сите судови нѐ одбија, а јас изгубив сѐ. Им кажав и им напишав на судиите дека ни лудите од лудница нема да дадат свој стан за стан во кој ќе бидеш потстанар. Кој би го направил тоа? Никој“, рече таа.

Жената е очајна. Граѓаните коментираат дека жената е стара, изнемоштена,  но сепак имала храброст на ваков начин да покаже револт. Тие тврдат дека многу луѓе се жртви на неправда. 


Слично

Поврзани вести