Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Свлечишта и одрони го отсекоа истокот-Внимавајте на патот Кочани-Делчево

(ВИДЕО) Свлечишта и одрони го отсекоа истокот-Внимавајте на патот Кочани-Делчево

Патниот правец Кочани - Делчево е блокиран втор пат за една недела.

Свлечишта и одрони кај селото Калиманци ги пренасочија граѓаните да патуваат преку алтернативни правци .

Големата влага во почвата и непрекинатите врнежи од дожд се причина за нарушената стабилност на почвата на ова место кое е најнебезбедно за патување во источниот дел.

Од „Македонија пат“ информираат дека екипи биле на терен, но поради камењата кои продолжуваат да паѓаат се повлекле, меѓутоа велат дека сепак е неопходна специјална машина за кршење на карпите.

Граѓаните револтирани и лути на надлежните. За да стигнат до Делчево граѓаните се пренасочуваат преку Виница а оттаму преку стариот пат од селото Бигла.

Велат дека овој пат со децении е ризик за нивните животи и досега безброј пати алармирале да се преземат безбедносни мерки за патот кој изгледа како од хорор филм.

Погледнете го видеото:

10.03.2016...

Posted by 24Delcevo on четврток, 10 март 2016

Слично

Поврзани вести