(ВИДЕО) СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ПРЕД НАС: На Копаоник отсега ќе можете да скијате преку целата година
ЈП Скијалишта Србија на Копаоник овие денови ги завршуваѝ работите на вештачката патека за скијање. Ако Македонија треба да се угледа на нечиј пример тоа би можело да биде токму Копаоник.
Овој проект е навистина важен за развојот и проширувањето на летната туристичка понуда во најголемиот српски зимски туристички центар.

Вештачката патека на скијачите ќе им понуди можност за скијање во текот на целата година, симулирајќи природни услови на снег. Направена е од пластика, а многу е лесна за одржување и монтажа.
Новата вештачка патека се наоѓа на локацијата Крст и како таква ќе го дополни мини летниот комплекс на иста локација .
Првото спушање на скии без снег на Копаоник се очекува на крајот на август.
На оваа подлога може да се вози и сноуборд и скии, па љубителите на зимски спортови отсега ќе може да уживаат во омиленото хоби во текот на цела година.
