Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СВЕДОЦИ НА ХОРОРОТ ОД ИСТАНБУЛ: Пукаше по сите, крвави луѓе газеа по другите

(ВИДЕО) СВЕДОЦИ НА ХОРОРОТ ОД ИСТАНБУЛ: Пукаше по сите, крвави луѓе газеа по другите

Терорист облечен како Дедо Мраз синоќа влезе во клуб во Истанбул, каде уби 39 луѓе, а пукал и  на улица пред да влезе во клубот. 

Преживеаните сведоци раскажуваат дека немало никакво предупредување, туку веднаш почнал да пука. 

„Се забавувавме и одеднаш луѓето почнаа да бегаат. Сопругот ми рече да не се плашам и скокна врз мене да ме заштити. Луѓето буквално трчаа преку мене. Мојот сопруг е погоден на три места“ - вели Хуриета Синем Ујаник, која тврди дека имало двајца напаѓачи.

Младо момче кое е рането раскажа дека влегле во клубот и пукале по сите. 

Први при пукањето настрадале цивил и полицаец кои биле на влезот. 

Многу од луѓето бегале и скокнале во море за да се спасат. 

Во нападот се убиени 39, а ранети 69 луѓе. 







Слично

Поврзани вести