(ВИДЕО) Судири во Ниш, повредена жена во Ваљево
Инциденти вечерва имаше на протестите во повеќе српски градови.
Во Ваљево група маскирани напаѓачи го демолирала кафе-барот „Сквер“, јавува Nova.rs. Според информации споделени од граѓани на социјалните мрежи, во нападот е повредена една вработена во локалот.
Жената, според истите извори, добила повреди на главата и скршеница на раката. Засега нема официјални информации за идентитетот на напаѓачите ниту за мотивите зад инцидентот. Полицијата сè уште не се огласила за случајот.
Во Ниш вечерва дојде до судир меѓу граѓаните и полицијата, иако претходно имаше информации дека протестите таму поминуваат мирно.
Како што јавуваат „Јужни вести“, полицијата во интервенцијата употребила солзавец за растерување на демонстрантите.
Večeras u Valjevu maskirani napadači demolirali kafić “Skver”.
— dnevnadozaludosti (@kikiolichica) August 15, 2025
U napadu je radnica kafića zadobila povrede glave i polomljena joj je ruka.
fb pic.twitter.com/ePbWYUoTZM
Српската пејачка Јелена Карлеуша вечерва требаше да настапи на платото пред стадионот „Лагатор“ во Лозница. Група активисти „Не даваме Јадар“ и дел од граѓаните успеаја да упаднат на концертот и да го прекинат, изразувајќи силен револт кон нејзиниот настап.
Полицијата, опремена за справување со демонстрации, интервенираше и ја евакуираше Карлеуша до автомобилот, додека протестирачите ѝ упатуваа навреди и погрдни зборови.
Настапот се одржа во контекст на подолгиот конфликт во Србија околу поддршката на претседателот Александар Вучиќ, а Карлеуша е позната по својата јавна поддршка на Вучиќ.
