(ВИДЕО) СУДИРИ ВО ГРЦИЈА: Кого нападнаа десничарите?
Хаос имаше вчера на протест во Солун, при што дојде до судир меѓу екстремни десничари и демонстранти против естаблишментот.
Судирот изби откако заврши средношколскиот протест против напорите на грчката влада да се стави крај на тридеценискиот спор околу името на Македонија..
Националистите, кои носеле маски и качулки, ги гаѓале со камења демонстрантите против естаблишментот.
Полицијата реагирала користејќи солзавец за да ги растера десничарите, кои одговориле гаѓајќи ја со камења и други предмети.
Претходно околу 1.200 средношколци, предводени од момче качено на коњ со грчко знаме, марширале низ Солун, протестирајќи против Договорот од Преспа.
Тие скандираа против Македонија, Албанија и Турција.
Слично
