Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СУДИРИ ВО БУДВА: Претепано е младо момче

(ВИДЕО) СУДИРИ ВО БУДВА: Претепано е младо момче

Повторно има судири во Будва. 

Пред зградата на Општина Будва имало тензии, при што е претепано момчето Ѓорѓе Ѓурашевиќ. Ова предизвикало револт кај насобраните луѓе кои извикувале „не сакаме мафија“.

Функционерите од Општината ја смириле толпата. Претседателот на СО Будва Крсто Радовиќ изјавил дека не смеат да дозволат да се испровоцира масата затоа што тоа е целта на оние кои се внатре во зградата.

Радовиќ порача дека внатре се „криминалци и крадци, облечени во некакви бели маици, а кои ги раководи Владимир Булатовиќ“.

„Не дозволуваат одборниците кои се легитимно избрани да влезат на своите работни места. Наша должност е да бидеме истрајни, да им оневозможиме на крадците да работат против нас, ова е ваша општина“, рекол тој. 

Приватното обезбедување утрово не дозволило избраните раководители да влезат во зградата на Општината. Тие го истуркале градоначалникот Марко Царевиќ и не му дозволиле да влезе во зграда.

Проблемите започнаа на 17 јуни кога беше уапсен градоначалникот. 


Слично

Поврзани вести